ФОТО | Невестата која го воодушеви светот: Се омажи во венчаница од 270 денари!

Фото: Инстаграм/Принтскрин

Рејчел Конели (26) живее на Флорида и штотуку се омажила. Иако е само „обична“ девојка, таа се појави на сите насловни страници ширум светот. Зошто? Затоа што го направила невозможното: нашла венчаница која чини само 270 денари!

„Го купив овој свилен фустан веднаш по свршувачката“, напиша таа под фотографиите и снимките на кои ја поканејзината венчаница.

Тесниот свилен фустан има набори во пределот на деколтето, а Рејчел го надополнила изгледот со соодветен проѕирен вел и бели сандали.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by rachel muse connealy (@rachelmuse)

И тоа не бил единствениот евтин фустан што го облекла тој ден. Две недели пред да го изговори судбоносното „да“, ја нашла „венчаницата од соништата“ за 5 долари, која ја облекла подоцна на прославата. Таа, исто така, споделила видео од овој фустан на ТикТок и напишала: „Никогаш не знаеш што ќе најдеш меѓу поволните работи две недели пред венчавката“.

@rachelconnealyyou never know what you’ll find at the thrift 2 weeks before your wedding #weddingdress

♬ original sound – Liah_19

Друг, побајковит изглед бил мини фустанот со бели пуф ракави и шарено здолниште од тантела. Рејчел успеала да „улови“ две различни венчаници за помалку од 10 долари (околу 550 денари), што е повеќе од добра зделка. Свадбеното видео на Рејчел има над 1,5 милиони прегледи, а следбениците напишале дека таа изгледала како војвотката од Сасекс Меган Маркл на денот на својата венчавка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by rachel muse connealy (@rachelmuse)

Просечната цена на венчаници во САД е 1.631 долари (околу 89.000 денари), пишува магазинот „Невести“ (Brides). Меѓутоа, цените може да се движат од 500 до 25.000 долари или повеќе, во зависност од дизајнерот. А, оваа девојка успеала во невозможното – се омажила во фустан од соништата кој не ѝ го испразнил буџетот!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот