ФОТО | „Неверојатна сличност“: Нејтан Мид е двојник на Бред Пит

Фото: Profimedia+Принтскрин/Instagram

Нејтан Мидс од Оксфорд во Велика Британија е жива копија на славниот холивудски актер Бред Пит. Она што ги разликува двајцата е „само“ потполно различниот начин на живот.

Како 20-годишник почнаа да ми велат дека личам на Бред Пит и оттогаш коментарите не престанаа, но јас секогаш се смеев на тоа“, откри 35-годишниот Мидс за „New York Post“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nathan Meads (@bradpitt_lookalike)

„Некои луѓе ми велеа дека мора да сум роднина со него или дека мајка имала врска со него“, додал тој. „Многу луѓе, дури и сега, ме загледуваат кога поминуваат покрај мене или ќе ме прашаат за да се фотографираат со мене, а има и такви кои ме сликаат без да знам“.

Мидс вели дека му биле потребни години за да пронајде начин како да има профитира од фактот дека личи на славниот холивудски актер.

Додека стотици луѓе ми велеа дека личам на него, јас никогаш не направив ништо во врска со тоа, но не прекина, каде и да одам, луѓето ми го кажуваат тоа“, вели Мидс, додавајќи дека испратил фотографии до четири различни агенции кои сакале да работат со него.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nathan Meads (@bradpitt_lookalike)

Но, кога станува збор за состаноците, Мидс признава дека е доста тешко да се најде љубов поради неговиот изглед.

„Некои од жени едноставно не можат да поверуваат дека личам на него, а некои ме обвинуваат за „лажно претставување“. Луѓето секогаш се обидуваат да ме контактираат со видео линк, бидејќи не веруваат дека сум тој што се претставувам“, вели тој.

„Ги избришав сите профили на апликациите за наоѓање потенцијални партнери, останувам сингл. И онака не барам љубов и не сакам да се впуштам во нешто сериозно затоа што моите ќерки се мојот свет и мојот најголем приоритет. Не ја барам мојата Анџелина“, вели Нејтан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот