ФОТО | Нереално и загрижувачко: Вештачката интелигенција создаде „совршени“ маж и жена

Фото: Instagram/ Lad Bible

Вештачката интелигенција и понатаму изненадува со своите новитети. Овој пат, со помош на вештачката интелигенција генерирани се слики на совршените жена и маж.

Истражувањето во кое се користела вештачката интелигенција, било спроведено од организацијата за подигање на свеста за нарушувањата во исхраната „Проект Булимија“. Користени се алатки за да се добие увид во податоците и фотографиите на милијарда луѓе на социјалните медиуми и врз основа на нив создадени се идеалните фигури на маж и жена.

Тимот од организацијата предупредија дека резултатите се во голема мера нереални при прикажувањето на типовите на телото. Ова загрижи многумина, а од тимот се сложија дека резултатите нема да им се допаднат на луѓето кои не се со „извајано“ тело и со исончан тен.

Фото: Instagram/ Lad Bible

Имено, сликите на овие мажи и жени покажуваат пристрасност кон потемните тонови на кожата. Жените на сликите се прикажани со руса коса и кафени очи, додека мажите имаат кафена коса и очи. Но, бојата на косата е можеби најмалиот проблем на овие слики.

Фото: Instagram/ Lad Bible

Истражувањето на „Проект Булимија“ покажа дека колекцијата на слики од социјалните медиуми од кои вештачката интелигенција „се инспирирала“ се попровокативни и посексуализирани од повеќето слики кои моментално се наоѓаат на интернет. Што се однесува до жените, прикажани се со витко тело, и на 37 отсто од сликите имаат бујна руса коса, мажите се прикажани високи, згодни и со темен тен.

Тимот од „Проектот Булимија“ побарал од вештачката интелигенција да ја сподели својата перспектива, па за совршен маж во 2023 година таа прикажала слики на маж со брада и главно кафени очи и коса, а резултатите за совршена жена покажаа фигура со кафени очи, кафеава коса и исончана кожа.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот