ФОТО | Лични фотографии: Кралицата Елизабета каква досега светот не ја видел!

Фото: Инстаграм

Досега невидени фотографии на британската кралица Елизабета Втора од нејзините помлади денови, направени пред таа да дојде на тронот, ќе бидат прикажани во новиот документарен филм што ќе се емитува на крајот на овој месец, објави Бакингемската палата.

Телевизиската програма на 29 мај, во текот на која ќе се емитуваат делови од приватните снимки на кралицата додека била принцеза од нејзината лична колекција, ќе претходи на прославата на 70-годишнината од нејзиното владеење.

– Овој документарен филм дава поглед на една многу интимна страна на кралското семејство која ретко кога имаме прилика да ја видиме, прекрасно е што ќе ги споделат со јавноста по повод нејзиниот платинест јубилеј – изјави уредникот на Би-би-си Сајмон Јанг.

Меѓу снимките била и онаа на која кралицата Елизабета со насмевка го покажува прстенот што ѝ го подари принцот Филип, кој почина лани на 99-годишна возраст, пред веста за нивната свршувачка да излезе во јавноста.


Продуцентите погледнале повеќе од 400 ролни филм, вклучително и снимките од јавни настани што се случувале зад сцената, а слушале и повеќе од 300 говори на кралицата, пишува „Дејли мејл“.

Една од снимките ја покажува кралицата како млада мајка со принцот Чарлс како бебе, кој седи во нејзиниот скут.

Кралицата годинава наврши 96 години, а на крајот на месецот ќе го прослави платинестиот јубилеј, односно 70-годишнината од нејзиното крунисување.

Mеган Маркл му се заблагодари на колегата кој одби мито за да тврди дека спиеле заедно

Кралицата Елизабета го одбележа својот 96-ти роденден со неочекувана фотографија

ФОТО | Кралицата Елизабета го слави 96-тиот роденден: За јубилејот доби своја Барбика

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот