ФОТО | Необичен пресврт: „Најтажната принцеза на светот“ по 10 месеци „бегство“ се врати дома

Instagram
Фото: Инстаграм/ЕПА

Принцезата Шарлин од Монако конечно се врати во Кнежевството откако помина 10 месеци живеејќи сама во Јужна Африка, далеку од принцот Алберт и нивните две деца, шестгодишните близнаци Жак и Габриел, пишува „Дејли мејл“.

Шарлин (43) вчера се вратила во Монако откако со приватен авион полетала од јужноафриканскиот град Дурбан до Ница. Таабеше снимена како излегува од авионот на пистата на аеродромот во Ница околу 8:45 часот, каде што ја пречекал кралскиот персонал и кучето кое го однела на кратка прошетка пред да полета со кралскиот хеликоптер за Монако.

Поголемиот дел од оваа година го помина во родната Јужна Африка, откако претрпе „сериозна инфекција на синусите“ што ја спречи да патува и ја принуди да пропушти важни настани, вклучително и нејзината 10-годишнина од бракот со принцот Алберт и првиот училишен ден на нејзините деца.

Монегашката принцеза откако се фотографираше со своето семејство додека таа и принцот Алберт ги носеа своите деца на училиште, а како што заврши денот, 43-годишната Шарлин им испрати порака на своите обожаватели преку социјалните мрежи.

Шарлин на Инстаграм сподели една од фотографиите што ги објавија претходно во текот на денот преку нивниот официјален Фејсбук и напиша: „Среќен ден денес. Ви благодарам на сите што ме одржувавте силна!“ Таа ја заврши пораката со емотикон со црвено срце.

Но, 63-годишниот Алберт во октомври инсистираше дека неговата сопруга ќе се врати дома пред Денот на државноста на Монако, 19 ноември, додавајќи дека таа е во добра форма и со многу подобро расположение. Долгиот престој на принцезата Шарлин во Јужна Африка поттикна гласини за несогласувањето меѓу кралската двојка, што и двајцата жестоко го негираа.

„Принцезата е добро расположена и со нетрпение чека да се врати дома“, изјавила кралската портпаролка, додека таткото на Шарлин, Мајк Витсток, бил пресреќен што неговата ќерка се враќа во Монако.

„Му благодарам на Господ што се врати дома“, рекол тој.

Принцот Алберт и нивните две деца ја пречекаа принцезата во Монако.

 

Шарлин, родена во Зимбабве, беше подложена на нејзината последна операција на 8 октомври поради инфекција на увото, носот и грлото што ја доби во мај – а извор од палатата изјави за АФП дека процедурата „поминала многу добро“.

Алберт тогаш изјави дека му недостасува целото семејство и дека ѝ недостасуваат децата, истакнувајќи дека Шарлин едноставно ја чека конечната потврда од нејзиниот лекарски тим пред да може да се врати во Монако.

Лекарот на Шарлин даде зелено светло за нејзиното долгоочекувано патување дома, откако го заврши  последниот медицински преглед минатиот понеделник.

Шарлин во вторникот на социјалните мрежи сподели дека била скршена по смртта на нејзиното куче. Принцезата објави: „Моето ангелче почина синоќа, беше прегазена. Многу ќе ми недостигаш, почивај во мир.

 

Принцезата Шарлин, далеку од Монако му ја честитала 10-годишнината од бракот на Алберт

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот