ФОТО | Необичен избор на убавина: Во Израел се одржа Мис холокауст, победи 86-годишна жена

Необичен избор е одржан во средата во Израел. Салина Стајнфелд (86) е избрана за Мис холокауст 2021 на ова традиционално несекојдневно натпреварување.

– Мора да бидеме силни, да се грижиме за себе и она најважното, меѓусебно да си помагаме. Помогнете им на оние на кои им е потребна помош – рекла Стајнфелд.

Според изјавата на организаторите и покрај годините што ги има, Стајнфелд најмалку еднаш неделно ги посетува старите и изнемоштени лица, пренесува „Тајм оф Израел“.

Родена е во 1935 година во романскиот град Јаш, кој во 1941 година го нападнале нацистите. Живеела со родителите, браќата и бабата. Во 1948 година се преселила во Израел, се омажила и добила три деца. Денес има седум внуци и двајца правнуци.

– Тоа е мојата лична победа над нацистите – рекла таа.

Фото: Твитер

На натпреварувањето се пријавиле неколку стотици кандидатки од кои биле избрани 10 финалистки. Гледачите ја избрале по пат на онлајн-гласање.

Целта на овој необичен избор на убавина е „да се развеселат хероините кои го преживеале холокаустот“, рекол организаторот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот