ФОТО: Немири на улиците во Холандија, протести против локдаунот

Холандија протест
Протест во Холандија против локдаунот/ Фото EPA-EFE/Jeroen Jumelet

Во Холандија, синоќа се случи протест откако владата соопшти дека во земјата ќе има ново затварање, пренесува РНЗ.

Полиција им се спротиставила на демонстрантите со водни топови.

Протест во Холандија против локдаунот/ Фото EPA-EFE/Jeroen Jumelet

Имено, протестите станале насилни, а искршени се стаклата на главната железничка станица, а демонстрантите фрлале стаклени шишиња и цигли кон полицијата. Оштетени се и многу продавници.

Протест во Холандија против локдаунот/ Фото EPA-EFE/Jeroen Jumelet

Потсетуваме, супермаркетите и малопродажните објекти кои не се неопходни ќе бидат затворени порано, а повторно ќе се воведат мерки за социјална дистанца. Не се препорачуваат повеќе од четири посетители на домовите и би било препорачливо да се работи од дома секогаш кога е можно.

Протест во Холандија против локдаунот/ Фото EPA-EFE/Jeroen Jumelet

Училиштата остануваат отворени

Големите спортски настани ќе се играат без публика, вклучувајќи го и квалификацискиот натпревар за Светското првенство меѓу Холандија и Норвешка следната недела.

Училиштата остануваат отворени, а излезот од студентските домови е дозволен.

Холандија воведе нови мерки во борбата против ковид-19