ФОТО | Немилосрдниот Маск: За вработените вградил спални соби во канцелариите на „Твитер“

Фото: EPA-EFE/Patrick Pleul/Принтскрин/Твитер

„Би-би-си“ доби фотографии од канцелариски простор на компанијата „Твитер“ кој е претворен во спални соби, што властите во Сан Франциско го истражуваат како можно прекршување на градежните прописи.

Од понеделникот, делови од канцеларијата се претворени во „скромни спални соби со душеци, еднобојни завеси и огромни монитори од конференциската сала“, пишува „Гардијан“.

Едната фотографија прикажува соба со брачен кревет, вклучувајќи орман и влечки.


Поранешен вработен изјави дека новиот сопственик на „Твитер“, Илон Маск, престојува во седиштето на компанијата која неодамна ја купи. Минатиот месец тој испратил мејл до вработените во кој навел дека секој што сака да остане во компанијата ќе мора да кликне на опцијата „Јас сум хардкор“.

Одделението за градежна инспекција во Сан Франциско потврди дека ги истражува потенцијалните прекршоци по жалбата.

Маск рече дека градот ги напаѓа компаниите затоа што обезбедува кревети за „изморените вработени“.

Во твитот кој по извесно време беше избришан, Маск најави дека ќе работи и ќе спие во канцеларија „додека организацијата на работа на се среди“.

„Би-би-си“, исто така, дошол до фотографии од софи во „Твитер“ кои се користат како кревети.

Друга конференциска сала има будилник и слика поставена врз наместен кревет.

„Изгледа како хотелска соба“, рекол еден поранешен вработен.

„Твитер“ не одговорил веднаш на барањето на „Би-би-си“ за коментар.

Минатиот месец, Маск – кој го заврши преземањето на „Твитер“ во октомври – испрати е-пошта до својот персонал во компанијата, во која вели дека ќе мора да работат „долги часови со висок интензитет“.

Државниот сенатор на Калифорнија, Скот Винер, изјави за „Би-би-си“ во средата: „Тој сега ги тера да спијат во Твитер“.

„Јасно е дека тој многу и не се грижи за луѓето. Не се грижи за луѓето кои работат за него“.

Претставник на Одделението за градежна инспекција му рекол на американскиот партнер на „Би-би-си“, „Си-би-ес њуз“: „Мора да се увериме дека зградата се користи како што е предвидено.

Во одговорот на новинарот на Твитер, Маск објави дека градот треба да даде приоритет на заштитата на децата од последиците од злоупотреба на опиоидни дроги.


„Форбс“ објави приказна за „тажните мали простории за спиење во конференциска сала во неодамна опустошеното седиште на компанијата“, напоменувајќи дека тоа е очигледно подобрување во однос на импровизираната вреќа за спиење на подот што ја објави еден вработен на Твитер.


Во спалните соби, како што објави „Блумберг“, се вели дека се сместени и вработените од „Тесла“ и од други компании во сопственост на Маск донесени да работат на „Твитер“, „од кои некои патуваат до „Твитер“ на работни состаноци“, рекле изворите.

Службеникот на Одделението за градежна инспекција, Патрик Ханан, рекол за „Сан Франциско хроникл“ дека ги истражувал сите жалби и дека постојат различни правила за станбените згради, дури и оние што се користат за краткотраен престој. Во мај 2020 година, пред Маск да ја преземе компанијата, „Твитер“ им соопшти на вработените дека можат да работат од дома „засекогаш“ доколку сакаат, бидејќи мерките за работа од дома во текот на карантинот на ковид-19 биле успешни.

Минатиот месец Маск рече дека работењето од дома ќе биде постепено укинато.

„Само исклучителните перформанси ќе претставуваат преодна оценка“, напиша тој.

На Маск „му падна круната“, веќе не е најбогат човек на светот

„Тоа го сфаќам како комплимент“: Илон Маск одговори на изјавата на Канје

Вооружен со „Твитер“, Маск му објави војна на стариот непријател „Епл“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот