ФОТО | Некогашниот секс-симбол изненади со природен изглед, многумина не ја препознаа

Памела Андерсон / Фото: Инстаграм/Памела Андерсон

Секс-симболот од деведесеттите години на минатиот век, Памела Андерсон (56) ги привлече сите погледи на Модната недела во Париз, кога на претставувањето на колекцијата на француската модна дизајнерка Изабел Марант се појави со минимална шминка на лицето.

Со пуштена руса коса, широка насмевка на лицето и многу тенки веѓи, поранешната ѕвезда на „Baywatch“ се појавила во светло жолт миди фустан без ракави.


На усните имала розов кармин, а на образите – само руменило во праска боја. Единственото нешто што било повпечатливо во нејзиниот изглед биле црвените нокти.

Андерсон, која во минатото ги красеше насловните страници на машкото списание „Плејбој“, сега ѝ дозволува на нејзината природна убавина да дојде со максимален израз.

„Ова е ново поглавје во мојот живот. Сфатив дека дури и за природна убавина ми требаат два часа пред огледалото“, изјавила претходно актерката.

Пред и по 30 години: Памела влезе во црвениот костим за капење од „Baywatch“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот