ФОТО | Некогаш бараше да се фотографира со Ѓоковиќ, а денес ќе играат финале

Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Денес од 18:00 часот Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер ќе се сретнат во финалето на завршниот турнир во Торино.

Јаник Синер игра во фантастична форма и веќе го победи Ѓоковиќ на овој турнир во групната фаза, додека Ѓоковиќ ќе се обиде да дојде до својата рекордна седма титула во Торино.

Интересно е што кога Синер беше на своите почетоци Ѓоковиќ веќе беше повеќекратен гренслем-шампион и во една прилика побарал од српскиот тенисер да се фотографираат.

Сега против еден од своите идоли Синер ќе води битка за титулата во Торино, но сигурно дека не е лесно двапати во неколку дена да се победи Новак Ѓоковиќ кој исто така зад себе има фантастична година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот