ФОТО | „Нејзиното лице изгледа деформирано“: Џесика Симпсон го промени личниот опис со естетски корекции

Instagram
Instagram

Со години Џесика Симпсон важеше за една од најубавите пејачка во светот и никој не остана рамнодушен на нејзиниот изглед. Сепак, се чини дека и оваа привлечна русокоса подлегнала на трендот на пластичната хирургија.

Иако отсекогаш важела за природна, раскошна убавица, последните фотографии покажуваат дека имала и неколку корекции на лицето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jessica Simpson (@jessicasimpson)


Имено, пејачката објави фотографија на својот инстаграм – профил без трошка шминка и додека некои нејзини обожаватели ја пофалија за овој потег, многумина се прашуваа што се случи со нејзиното лице?

„Јасно е дека си ги зголемувала усните и јаболчниците“, „Изгледа целосно деформирано“, „Не и требаше ова“, се само некои од негативните коментари што се нижеа под објавата.

Да потсетиме, Џесика реши драстично да го промени својот животен стил и по тој повод ангажираше приватен тренер со чија помош ослабе неверојатни 45 килограми, но се чини дека не била задоволна ниту од изгледот на лицето, па се решила за одредени естетски корекции за кои дел од фановите ја охрабруваат, а голем дел ја критикуваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот