ФОТО: Неговото големо срце не успеа да ја победи битката со грозната болест: Васил Хаџиманов се прости од татко му

Легендарниот македонски кантавтор, поет и актер Зафир Хаџиманов почина вчера на 78-годишна возраст во Белград. Хаџиманов почина од последици од коронавирусот. 

Неговото неутешно семејство, како и бројни пријатели, колеги и обожаватели се простија од „кралот на шансоните“.

Неговиот син, пијанистот и композитор, Васил Хаџиманов се огласи на својот фејсбук-профил и со емотивно обраќање се прости од татка си и им се заблагодари на сите на поддршката.

„Денеска почина мојот татко Зафир. Неговото големо срце не успеа да ја добие битката со оваа ужасна болест. Зад себе остави вистинското богатство, од песните коишто така мајсторски лесно ги пееше, преку неговите многубројни и разновидни композиции, книги поезија и проза, па сѐ до ненадминливите улоги во театарот и на филм. Но, пред и над сето тоа, на своето семејство и на најблиските секогаш несебично им ја даваше својата ограмна љубов, внимание и поддршка. Сенка и тој беа една од најталентираните и најубавите двојки во историјата на овие простори. Ненадминливи! Неговиот непобедлив дух, способноста да се снајде во секоја ситуација и да остане на нозе, енергијата сѐ што работи секогаш да го прави тоа со целото свое битие, а притоа додека тоа го прави истовремено да биде врвен шмекер… тоа мора да се памети. Да се памети и да се почитува! Те сакаме тато и засекогаш ќе ни недостасуваш! Ви благодарам на сите на зборовите на поддршка“, напиша Васил на Фејсбук.

Vasil Hadžimanov

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот