ФОТО | Неговата сопруга го остави поради друга жена: Полубратот на „Кардашијанките“ – Броди Џенер нема среќа во љубовта

Броди Џенер конечно се опорави по скандалот и ја врати насмевката на лицето. Познат по учествата во бројните реални шоуа, 36-годишник важи за еден од најголемите заводници во Холивуд. За неговата популарност придонесе и фактот дека тој е полубрат на славните сестри Кардашијан – Џенер.
View this post on Instagram
Имено, Брус Џенер, кој денес се претставува како Кејтлин, го доби во првиот брак.
View this post on Instagram
Тој се најде во центарот на скандалот кога неговата сопруга, со која беше во брак од 2016 година, реши да го напушти, ни помалку ни повеќе, отколку заради друга жена. Исто така се шпекулираше дека е во врска со Мајли Сајрус.
По љубовниот бродолом се шушкаше дека Броди паднал во тешка депресија, сепак судејќи според фотографиите на неговиот Инстаграм профил, работите се сосема поинакви.
View this post on Instagram
Ријалити заводникот ужива во егзотични дестинации, во друштво на убави девојки и не ја симнува насмевката од лицето. Се чини дека раскинувањето не му паднало толку тешко.
Накратко уживаше во прегратките на 16години помладата Дејзи , која се прослави на популарната социјална мрежа ТикТок. Сепак Броди и овој пат немаше среќа во љубовта бидејќи и на таа врска и дојде крајот.
View this post on Instagram
Од друга страна, по кратката авантура со жени, Кејтлин пронајде среќа во прегратките на Кристофер Брок, со кого го чека своето прво дете, што го потврди неодамна.