ФОТО | Неда Украден ѝ посака среќа на Констракта, обожавателите лути: Како не ти е срам

Констракта, Неда Украден/ Фото: Профимедиа, Инстаграм

Уредничка на забавната програма на „РТС“, Оливера Ковачевиќ вчера на својот инстаграм-профил ја објави најавата за втората полуфинална вечер на Евровизија, на која ќе настапи и српската претставничка Констракта. Меѓу многуте коментари за поддршка, се најде и пејачката Неда Украден, која напиша:

„Среќно, девојки! Победа! Mens sana… поздрав од Канада“.

Но, веднаш беше пречекана со револт од коментатори кои потсетија дека Неда Украден, како претседател на жирито на „Беовизија“, на Констракта не ѝ даде ниту еден поен. „Сè уште се сеќаваме на нула поени. Позз“, е првиот одговор на коментарот на пејачката. Како не ви е срам да пишувате“, гласи друг коментар.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Olivera Kovacevic (@kovacevicolivera)

Но, некои застанаа во одбрана на Неда Украден, објаснувајќи дека нема контрадикторност во нејзината порака: „Што ако даде нула поени. Песната ѝ се допаднала само за нула поени. Но, тоа не значи дека тоа не е убав гест кон неа, како постара колешка да ѝ посака сè најдобро како претставник на Евровизија“, напиша коментаторот кој додаде дека тоа е гест на цивилизиран човек.

Констракта е единствената во полуфиналето на Евровизија која ќе пее на мајчин јазик

Откако на Констракта ѝ даде нула поена, Украден за „ТВ Прва“ изјави дека заслужувала 12, но дека сакала да награди и други песни. „Подобро да не ѝ давам поени ако веќе не можам да ѝ дадам 12. Покрај тоа, таа напомена дека ѝ се допаѓа тоа што со Констракта на натпреварот „победил паметот“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот