ФОТО: Не е само Пандев, уште двајца фудбалери се збогуваат со репрезентативниот дрес!

фото: ФФМ

Вчера капитенот на А репрезентацијата, Горан Пандев најави дека денеска против Холандија од 18.00 часот ќе го игра последниот натпревар во сениорскиот дрес.

„Гранде“ Пандев со своите игри и голови заслужи барем за последниот меч со националната селекција да оствари поволен резултат, но ќе видиме дали тоа ќе се случи во пресметката со моќните „лалиња“.

Непосредно пред дуелот со Холанѓаните нови големи информации доаѓаат од таборото, имено Крсте Велкоски преку социјалните мрежи дека и тој го има последниот натпревар во најдобрата репрезентација.

Воедно играчот на Сараево потврди дека „последниот тац“ во сениорскиот дрес го има и членот на АЕК Ларнака, Иван Тричковски.

Фото: supersport.mk
Фото: libertas.mk

И Езџан Алиоски имаше интересна објава на социјалните мрежи, со зборови дека селекторот Игор Ангеловски го има својот последен натпревар на клупата: „Последниот концерт на нашиот диригент“.

Вчера на пресот Ангеловски потврди дека му завршува договорот со ФФМ, им се заблагодари на играчите, а не сакаше повеќе да зборува околу иднината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот