ФОТО | Не бил само Вилијам неверен: Кејт страдала по поранешното момче кога почнала врска со принцот

Фото: Профимедиа

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам денес имаат многу хармоничен брак, иако одвреме-навреме се шпекулира за неговите наводни неверства.

Се шпекулираше дека Вилијам ја изневерувал Кејт додека била бремена, и тоа со својата прва девојка Џес Крег, а секако не смее да се заборави и скандалот со маркизата од Чолмондели Роуз Ханбери.

Но, иако Вилијам беше негативец во сите приказни, а странските медиуми често пишуваа за неговите почетоци со сопругата, кога често ја оставал сама, флертувал пред нејзините очи и слично, ниту Кејт не била баш толку невина.

Фото: Профимедиа

Имено, војвотката на почетокот на нивната врска, наводно сè уште страдала по своето поранешно момче Хари Блејклок. Нејзината пријателка од факултет, која сакала да остане анонимна, тврдела дека Кејт дури го избрала истиот универзитет само за да биде поблиску со своето поранешно момче. Секако, таа не знаела дека таму ќе го запознае Вилијам.

Врската меѓу Кејт и Хари траела околу една година, а како што во својата биографија за војвотката навела Кејти Никол, „двете страни се труделе да направат нивната врска, со сите обврски на факултетот, да успее“.

Хари Блејклок/ Фото: Профимедиа

Меѓутоа, проблемот настанал кога Хари направил едногодишна пауза за да го пропатува светот и ја напуштил Кејт. Војвотката била толку скршена од раскинувањето што не сакала да излегува и да се дружи со луѓе, а дури и кога го запознала Вилијам страдалс по своето поранешно момче.

Кејт и Хари Блејклок/ Фото: Профимедиа

Кога Хари се вратил на универзитет, таа наводно се обидувала да го врати. Последниот удар бил кога Хари влегол во врска со добрата пријателка на Кејт, Сара Фолет, со која подоцна се оженил.

Кејт тогаш на сите можни начини се обидувала да го направи Хари љубоморен, а Вилијам тогаш наводно толку многу го гушела што дури и раскинале извесно време, иако набрзо се смириле. Но, Хари и Кејт подоцна ги „закопале воените секири“, а кралската двојка исто така била поканета на неговата свадба.

Кејт денес е среќно мажена за Вилијам со кого има три деца, а се чини дека се сакаат и повеќе од првиот ден, па работите добро завршиле на двете страни.

Видео на денот