ФОТО: Навивачите не можат повеќе да го гледаат овој лош Арсенал!

Фото: Принтскрин/Твитер

Вчера Арсенал повторно ги разочара своите навивачи кои чекаа скоро 10 месеци да се вратат на трибините.

После долг период поради коронавирусот има фанови на стадионите ширум Англија, но оние на Арсенал моментно не можат да бидат среќни од перформансиите кои ги покажуваат досега играчите на Арсенал.

На „Емирати“ стадионот во Лондон вчера „топчиите“ загубија и од Барнли (0:1) и така ја продолжија големата резултатска игра сезонава на домашно тло.

Навивачите секако доаѓаат на натпреварите со маски за да се спречи ширењето на вирусот, а еден од нив, навивач на Арсенал одлучи пред крајот на дуелот против Барнли својата маска да ја стави на очите, не можејќи веќе да ја гледа очајната игра на фудбалерите на Артета.

Останува да се види дали во наредниот период лондонскиот клуб ќе ја поправи сликата на фудбалските терени..

Евра: Анри само што го виде Џака, го исклучи телевизорот!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот