Фото: Screenshoт/FB

ФОТО: Натпреварот Хрватска – Чешка прекинат во 37. секунда за да се одржи минута молк за жртвите во Кочани

Ракометниот натпревар помеѓу Хрватска и Чешка во рамките од квалификациите за Европското првенство беше прекинат во 37. секунда со цел да се одржи минута молк за настраданите во дискотеката во Кочани.

Судиите на теренот пропуштија на почетокот да дадат  знак за минута молк, но навивачите на трибините сигнализираа и мечот беше прекинат набрзо по почетокот.

На трибината исто така беше истакнато и македонско знаме во знак на поддршка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот