ФОТО | Наследничката на нафтената империја се омажи во најнеобична венчаница, а куче ги носело бурмите

Правнуката на еден од најбогатите луѓе во светот, Џон Пол Гети, се омажи за фотографот Тобијас Енгел во Сан Франциско, во венчаница која била изработена од четири слоја ткаенина, а на неа имало парчиња огледала.

Ѕвездата на серијата „Дамин гамбит“ на „Нетфликс“, Ања Тејлор Џој ја имала улогата на деверуша, свадбената церемонија ја водела американската политичарка Ненси Пелоси, а кучето кое богата наследничка го вдомила, ги носело бурмите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue (@voguemagazine)

„Голем дел од овој фустан го прави вистинско огледало, но бидејќи мора да се движи во него, создадовме парчиња кои личат на огледало, па затоа е многу полесен отколку што би требало“, рекол дизајнерот на венчаницата, Џон Галијано. Превезот на Ајви Гети имал мотив од орев во чест на нејзината баба Ана, која пораснла на фарма со ореви, но и мотив на гитара во чест на нејзиниот покоен татко, музичарот Џон Гилберт кој почина минатата година.

Во интервјуто за магазинот „Вог“, Ајви Гети рекла дека го избрала контроверзниот Галијано за креатор на нејзината венчаница бидејќи нејзината покојна баба секогаш ги носела неговите креации што тој ги создавал за модната куќа „Живанши“, а потоа и за модната куќа „Кристијан Диор“.

– Мојата баба сакаше да ги носи креациите на Џон Галијано. Таа секогаш се восхитуваше на неговата работа, па се чувствував како да е со мене цело време за сето тоа – признала наследничката. Галијано го напушти „Кристијан Диор“ во 2011 година, откако се појави видео во кое пијан ги навредува луѓето во париски ресторан. Од 2014 година Галијано настапува како креативен директор на модната куќа „Mејсон Маргиела“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivy Love Getty (@ivygetty)

Пред венчавката, Ајви Гети со својот свршеник организирала забава во Палатата на ликовните уметности во Сан Франциско, а гостите ги забавувал познатиот диџеј и продуцент Марк Ронсон, а потоа и членовите на групата „Earth, Wind & Fire“.

Ајви Гети е правнука на американскиот нафтен тајкун Џон Пол Гети, кој бил познат по скржавоста.

„Никогаш не давам пари никому, тоа е лошо и погрешно“, рекол Гети во едно интервју. Своите милијарди ниту по смртта не ги оставил на семејството, па ниту на болниот внук, туку се` оставил на неколку фондации, од кои дел е посветен на неговото најомилено хоби – собирањето уметнички дела.

 Ivy Getty - Instagram

Фото: Инстаграм

Видео на денот