Град Скопје ја поставува новогодишната елка на плоштад „Македонија“.

Екипата на „Слободен печат“ ги затекна работниците кои неуморно работат, за што поскоро скопјани да ја почувствуваат новогодишната магија во главниот град.

Во врска со шпекулаците во јавноста и јавните барања финансиските средства наменети за украсување на главните улици и на плоштадот да се пренаменат за потребите на здравствениот систем, сосема е законски невозможно да се изврши таква пренамена бидејќи градот нема право да ги троши своите буџетски средства за други институции.

Годинава ќе биде отворена донаторска сметка каде што сите физички и правни лица наместо за новогодишната забава ќе донираат за потребите на здравствената криза.