ФОТО | Нашите познати личности се простија од Аки: Каролина, Џамбазов, Весна Петрушевска со емотивни објави…

Фото: Инстаграм/Принтскрин

Веста за смртта на легендарниот пејач Аки Рахимовски, фронтменот на култниот бенд „Парни ваљак“ го затекна регионот. Бројни познати и јавни личности, обожаватели на пејачот и граѓани од целиот свет се простуваат од Рахимовски.

Меѓу нив се и нашите познати  личности, кои со емотивни објави се збогуваа од единствениот Аки.

Актерот и шоумен Игор Џамбазов објави фотографија од пејачот Аки Рахимовски, покрај која, во објавата се збогува со него.

„Со Аки сум се родил, со Аки ќе си умрам…“, напиша Џамбазов.

Поп-пејачката Каролина Гочева објави на својот инстаграм профил видео од заедничкиот настап со Аки наведувајќи го местото Умаг и годината 2008, па со емотивна објава се збогува со музичарот:

„Тргни и полетај, без страв… all you need is love… За Аки, кој никогаш не застана и никогаш од ништо не се плашеше“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva)

Каролина претходни објави фотографија на стори на Инстаграм, на која насмеани позираат со Аки, со посвета: „Почивај во мир драг Аки…“

Актерката Весна Петрушевска на својот профил на Инстаграм објави видео на кое Тоше Проески и Аки Рахимовски го изведуваат хитот „Есен во мене“, и притоа се збогува со музичката легенда.

„Дента беа заедно во „Вртелешка“ па отидоа на тонска за Бубамара. Златна Бубамара на популарноста. Каков прекрасен лик беше Аки, горд на своето детство низ скопските маала. Нека ти е светол патот. Поздрави го Тоше“, напиша Весна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот