ФОТО | Наоми Кемпбел на насловна на „Вог“: Моето девојче не е посвоено, таа е мојот најголем благослов

наоми кемпбел
Наоми Кемпел за „Вог“ / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Наоми Кемпбел позираше со својата ќерка за британското издание на модниот магазин „Vogue“. Таа по тој повод проговори за зачнувањето на детето и мајчинството.

„Моето девојче не е посвоено. Таа е мое дете. На прстите од едната рака можам да избројам колку луѓе го знаеја тоа. Таа е мојот најголем благослов и најдоброто нешто што ми се случило“, изјавила Наоми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by British Vogue (@britishvogue)

„Таа е добра девојка. Добро спие, едвај плаче и е многу активна. Многу се смее. Само чекам да почне да зборува“, додала манекенката за својата ќерка додавајќи дека ѝ купува само дизајнерска облека.

Имено, откако минатата година манекенката објави дека станала мајка, многумина беа изненадени. Претходно не навести дека чека бебе, ниту пак се знае дали е во врска.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Naomi Campbell (@naomi)

Се шпекулираше дека ќерката на Наоми е родена од сурогат мајка. Но, славната манекенка тоа никогаш не го потврди ниту го откри идентитетот на таткото на нејзината ќерка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by British Vogue (@britishvogue)

„Црниот пантер“ во последните години во интервјуа нагласува дека ги обожава децата и сака да се оствари во улогата на мајка. Манекенката уште во 2017 година изјави дека размислува да стане мајка, но не брза да го постигне тоа.

„Постојано размислувам за тоа кога ќе имам деца. Но сега, со оглед на науката, мислам дека можам да го правам тоа кога сакам“, рече таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот