ФОТО | Најзгодната научничка на светот: Нурка со ајкули и позира со питони
Американката Рози Мур (26) работи како геонаучник во тимот за управување со крајбрежните водни ресурси во Флорида и секојдневно се соочува со смртоносни животни како питони, алигатори и ајкули, пишува „Њујорк пост“.
Исто така, Мур се занимава и со фотомоделство, а нејзиниот инстаграм-профил е исполнет со прекрасни фотосесии и соработки со познати брендови.
View this post on Instagram
Оваа 26-годишна девојка се шегува дека е како Хана Монтана, фиктивниот лик од детската серија на „Дизни“, поради нејзиниот двоен професионален живот.
„Луѓето постојано се шегуваат дека сум како Хана Монтана. Во еден момент сум на терен, каде правам луди нешта и сум во кал сѐ до половината, а веќе во следниот момент сум на луксузен настан, облечена во свечен фустан и со целосна шминка и фризура“, вели таа во есеј за „Инсајдер“.
View this post on Instagram
Убавата научничка, и покрај тоа што има успешна кариера како фотомодел, вели дека има намера да се занимава со избраната научна област.
„Кога луѓето ќе чујат дека се занимаваш со почитувана професија(како геонауката), тие веднаш ја менуваат перцепцијата и имаат повисоко мислење за тебе“, вели Мур.
View this post on Instagram
Таа вели дека случајно се впуштила во манекенството, сакајќи да поттикне повеќе девојки да се вклучат во научни активности.
„Постојат многу малку девојки кои имаат храброст да нуркаат и да се фотографираат со ајкули. Затоа решив да го правам тоа за да им покажам на другите девојки дека е убаво да се има хоби и дека е океј да се истражува околината“, раскажала Мур.
View this post on Instagram
ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО | Манекенка-геонаучник извадила цел алигатор од утробата на питон