ФОТО | Најубавата љубов во Холивуд: Пирс Броснан ѝ подари 60 ружи на сопругата за нејзиниот 60. роденден

Ирскиот актер Пирс Броснан и неговата сопруга Кили Шеј Смит го имаат еден од најстабилните бракови во Холивуд, што е вистинска реткост меѓу познатите актерски имиња.
Вчера Кили, која е успешна новинарка и авторка, го прослави својот јубилеен 60. роденден, а 70-годишниот актер од филмовите за Џејмс Бонд ѝ подари букет од 60 ружи.
„Шеесет ружи за мојата девојка со кафени очи за нејзиниот 60-ти роденден. Јас сум среќник и благословен што седев таму кога помина зад аголот тоа утро во Кабо Сан Лукас“, напиша Броснан во описот на фотографијата, присетувајќи се на нивната прва средба.

Како потсетување, двојката се запозна на плажа во Мексико, во април 1994 година. Тие стапија во брак во опатијата Балинтубер во Ирска, на 4 август 2001 година.
Тие се родители на 26-годишниот син Дилан Томас и 22-годишниот син Парис Бекет.

ФОТО | Пирс Броснан ѝ посвети емотивна објава на сопругата Кили по повод нејзиниот роденден