ФОТО | Најпосакуваниот ерген е во врска со убавата адвокатка: Милош Биковиќ ужива во љубовта со Црногорката

Милош Биковиќ и Ивана Малиќ/Фото: Инстаграм

Приватниот живот на српскиот актер Милош Биковиќ (33) отсекогаш ја интригирал јавноста, меѓутоа, тој некако секогаш успевал да ја задржи својата интимност приватна. Овој пат вниманието го привлече девојката Ивана за која веќе подолго време се шпекулира дека е новата партнерка на овој актер.

Покрај тоа што е еден од најпопуларните актери во регионот, Милош Биковиќ важи и за најпосакуваниот ерген. Со новата девојка, Црногорката Ивана Малиќ се појави на премиерата на продолжението на филмот „Јужен ветар 2: Забрзување“ во Белград и оттогаш почна невиден интерес за нивната врска.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivana Malić (@ivanamalic_)


Иако досега не ги потврдиле ниту ги демантирале гласините дека се во врска, Ивана одлучила на сите да им покаже дека љубовта со Милош цвета, па на Инстаграм ја објавила нивната прва заедничка фотографија со емотикон од детелина со четири листа која ја претставува среќата.

Следеа бројни коментари на фановите, кои покрај фотографијата напишале дека тие двајца се прекрасен пар.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivana Malić (@ivanamalic_)

Српските медиуми претходно пишуваа дека Ивана има 25 години, дека е адвокат по професија и дека со Милош е во врска неколку месеци.

Инаку, може да се каже дека Ивана е неверојатно убава девојка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivana Malić (@ivanamalic_)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот