ФОТО | „Најпосакуваниот човек на денешницата“: Дамиано Давид ги изненади обожавателите со нова промена

дамиано давид
фото: принтскрин инстаграм

Фронтменот на италијанската рок-група „Måneskin“ која оваа година победи на 65-тото издание на Евровизија, Дамиано Давид маѓепса милиони луѓе ширум светот.

Неговите бројни обожаватели буквално го следат секој негов чекор и го забележуваат и најмалиот детаљ. Така, слободно можеме да кажеме дека со својата необична појава, Дамиано ги помести границите на модата и го врати рок-гламот на голема врата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Damiano David/Måneskin (@ykaaar)

Препознатлив по подолгата коса и ексцентричен стил на облекување, Дамиано сега ги изненади сите со драстична промена.

Имено, тој се решил за една од најпопуларните фризури ова лето, која оваа сезона ја „носат“ многу познати личности како Мајли Сарус, Ријана и многу други.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Damiano David/Måneskin (@ykaaar)

Многумина го критикуваа затоа што носи здолништа, високи потпетици, се шминка и ги лакира ноктите, па дури решија да го критикуваат и за неговата фризура… Но, се чини дека на познатиот рокер не му е важно што ќе кажат другите за неговите модни одлуки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ykaaar damiano (@ykaar_damiano_david)

И додека некои не можат да ја „прежалат“ неговата долга коса, голем број од неговите следбеници се согласуваат дека сега изгледа уште подобро.

Каков човек“, „Божество“, „Сега си ми уште поубав“, „Зошто си ја скрати косата?“, „За што ќе го обвинувате сега“, „Дамиано, омажи се за мене“, беа само дел од коментарите на неговите обожаватели.

ФОТО | Дамиано Давид облечен како Бритни Спирс: Фронтменот на „Måneskin“ во мини здолниште на настапот во Париз

Видео на денот