Фото: Инстаграм

ФОТО | „Најмила Лиана“: Ќерката на Мартин од „Некст Тајм“ и Андреа наполни 3 месеци

Ќерката на Мартин Филиповски и Андреа, Лиана, денеска полни 3 месеци. По тој повод, на својот Инстаграм профил, музичарот и ракометарката објавија „слатка“ фотосесија од ќерката, на која стотици следбеници не останаа рамнодушни.

„Памукче“, Убавица“, „Медунчо мал“, „Срценце“, „Најмила Лиана“ … беа само дел од коментарите под фотографијата.

 

Фото: Инстаграм/МартинФИлиповски

Потсетуваме, Мартин и Андреа стапија во брак во јуни 2023 година. Тие направија црковна свадба во Кичево, родниот град на Андреа, а потоа и прослава во еден скопски ресторан.

„Кога си со вистинската личност, тоа прави да ја покажеш најдобрата верзија од себеси“, напиша тогаш Филиповски на социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот