21.8 C
Скопје

ФОТО: Најмалку осум жртви при превртување на брод со мигранти кај Шпанија

Најмалку осум лица загинаа откако брод со повеќе од 30 мигранти удри во карпи и се преврте во близина на малото пристаниште на островот Ланзароте, што им припаѓа на Канарските острови, соопштија денеска шпанските спасувачки служби.

Фото: EPA-EFE/JAVIER FUENTES FIGUEROA

Тој е еден од 17 бродови кои биле пресретнати во водите на Канарските острови во изминатите 24 часа.

На видеоснимките објавени на шпанските медиуми се гледаат спасувачи и граѓани како во темница извлекуваат млади мажи во маици и спасуваат други мигранти кои седат на карпи.

Фото: EPA-EFE/Javier Fuentes

Од други бродови биле спасени околу 450 луѓе, но едно лице подоцна починало.

Службите за итни случаи соопштија дека биле пронајдени осум тела, а 28 лица биле спасени. Тие соопштија дека продолжува потрагата по едно лице, за кое се верува дека е исчезнато.

Фото: EPA-EFE/JAVIER FUENTES FIGUEROA

Бројот на мигранти кои пристигнаа на Канарските острови оваа година достигна 17.000, што е десет пати повеќе отколку во текот на целата мината година, откако жителите на Северна Африка ги загубија своите приходи од туризам, кој е силно погодено од пандемијата на коронавирусот.

Извор:МИА

Поврзани вести

Ристовски: Фудбалот се игра 90 минути, доста се тешиме дека сме некакви „херои“!

Слободен печат

Евро 2020: Нека биде офанзивно во Амстердам, стартните состави на Македонија и Холандија!

Слободен печат

По отповикувањето, Азески се заблагодари за соработката и и посака брз развој на Црна Гора

Слободен Печат

Пандевијата заврши, Горан може мирно да заспие!

Милорад Стојмановски

Над 60 отсто од новите случаи на ковид-19 во Лисабон се од индискиот сој

Слободен печат

Колку вода треба да пиете во текот на летото?

Слободен печат

Остави Коментар