ФОТО: Најмалку 57 лица загинаа во поплавите во Турција, предизвикана огромна материјална штета

Поплави во Турција / Фото: Mustafa Kaya / Xinhua News / Profimedia

Најмалку 57 лица загинаа како последица на поплави и лизгање на земјиште на црноморското крајбрежје на Турција, соопшти турската Агенција за борба со катастрофи и вонредни состојби.

Поројните дождови во црноморските окрузи Кастамону, Синоп и Бартон во средата предизвикаа поплави што уништија станбени згради, автомобили и направија голем број патишта непроодни. Најмалку пет мостови се оштетени.

Поплави во Турција / Фото: Sedat Elbasan / Zuma Press / Profimedia

Според Агенцијата, 48 лица загинале во Кастамону, осум во Синоп и еден во Бартон. Осум лица се хоспитализирани.

Поплави во Турција / Фото: Mustafa Kaya / Xinhua News / Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот