18.8 C
Скопје

ФОТО | Најлошо облечени ѕвезди на Греми наградите: Цвеќиња, пердуви, џиновски панделки – шоу на кич и невкус

По одложувањето на јануарскиот датум, церемонијата на доделувањето на наградите Греми 2021 година конечно се одржа во неделата во Лос Анџелес. Како што можеше да се претпостави, поради коронавирусот манифестацијата беше во помала форма, во поинакво издание, а ѕвездите мораа да се придржуваат до прописите и растојанијата.

Profimedia
Profimedia

Сепак, славните личности се потрудија да изгледаат незаборавно – некои по одличниот стил, а некои по лошиот.

Profimedia
Profimedia

И покрај тоа што некои од музичките ѕвезди се закитија со престижната награда Греми, тоа не значи дека имаа успех и во своето модно претставување на лимитираниот црвен тепих.

Profimedia
Profimedia

Многу од нив прошетаа во маскарадни стајлинзи – тука имаше сѐ и сешто – пердуви, цвеќиња, џиновски панделки… Били Ајлиш во свој стил со црната коса со зелени прамени, беше облечена во шарена креација на „Гучи“, надополнувајќи ја со капче и маска со истиот дезен. Доџа Кет го предизвика вниманието на јавноста со своето смело издание.

Profimedia
Profimedia

Креацијата на дизајнерот Роберто Кавали не беше најсјајниот избор за ваква пригода, имајќи предвид дека изрезот на деколтето завршува под папокот.

Profimedia
Profimedia

Хари Стајлс неретко изненадува со своите модни изданија – кич, шаренило, неспоиво. И секако, за тоа е заслужен модниот бренд „Гучи“.

Profimedia
Profimedia

Пејачот се прошета на црвениот тепих во жолто-зелено карирано палто, а околу вратот виолетов шал со пердуви. Ѕвонестите, кадифени, кафеави панталони и крем чевлите со потпетица во комбинација со ова палто, ја прават комнинацијата несекојдневна.

Поврзани вести

ФОТО | Бинди Ирвин прозборе за психолошкото злоупотребување од дедо ѝ: Една фејсбук – честитка откри сè!

Слободен печат

Славниот Хари Потер им ја продаде својата куќа на родителите: Скржавeц или малверзации со законот?

Слободен печат

Ова се симптомите на меланом, а на еден речиси никој не обрнува внимание!

Слободен Печат

Дневен хороскоп за 22 јуни: Сфатете дека радоста е во малите нешта

Слободен Печат

Прием во лудница

Слободен печат

На денешен ден – 22 јуни

Слободен Печат

Остави Коментар