ФОТО | Најдобра реклама: Џенифер Лопез позираше со нејзината мајка и ќерка

Instagram
Фото: Инстаграм

Пејачката Џенифер Лопез објави фотографија на која позира заедно со својата мајка и ќерка, сè за потребите на кампањата за новите производи за убавина, дел од нејзината козметичка линија „JLOBeauty“.

Лопез објави семејна фотографија со нејзината 13-годишна ќерка Ема и 75-годишната мајка Гвадалупе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)


#MamaGlowsBest – напиша Лопез во описот на фотографијата со ознаките на нејзиниот бренд за козметичката линија „JLOBeauty“, што го лансираше на почетокот на оваа година.

Нејзината објава собра над два милиони лајкови.

„Убавина. Ова треба да биде врамено “, „Три генерации на вечна убавина“, „ Три кралици во еден пост“, „Убави дами“, се само дел од  бројните коментарите под објавата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот