ФОТО| На раката на Ана блесна дијамант: Дали Бен Афлек повторно се жени?

Profimedia

Својата нова избраничка тој брзо ја запозна со децата од пропаднатиот брак со Џенифер Гарнер, родителите, пријателите, а веќе започнаа и заедно да живеат…

Актерот Бен Афлек (48) на почетокот на годината ја започна врската со младата актерка Ана де Армас. Од згодната Кубанка тој не се одделува, а парот сега со еден потег ги загреа тврдењата дека наскоро се подготвува и венчавка.

Дека е лудо заљубен во 32-годишната Кубанка, која ја нарекуваат Софија Лорен на новото време, Бен не крие полни 11 месеци, колку што тие се во врска. Својата нова избраничка тој веднаш ја запозна со децата од пропаднатиот брак со Џенифер Гарнер, со родителите, пријателите, а веќе започнаа и заедно да живеат.

Чекор по чекор, изгледа дека дошло и до „клучното прашање“. Се шушка дека Бен Афлек клекнал на колена со судбинското прашање, бидејќи на раката на Ана е забележан голем дијамантски прстен.

Фото: Инстаграм

За време на снимањето на новите сцени од филмот „Deep watеr“ во кој играат заедно, Афлек и Армас буквално уживаат поминувајќи го времето заедно, користејќи го секој слободен момент, а кога камерите ќе згаснат, тие разменуваат нежности.

Фото: Profimedia

Така папараците ги фотографирале на балкон во Њу Орлеанс, каде што се снима филмот, во романтична прегратка, бакнежи и страсни погледи. Освен тоа, вниманието го украде и споменатиот прстен, за кој сѐ уште не се знае дали е накит од сетот или 48-годишниот актер повторно решил да се жени.

Фото: Profimedia

Фото: Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот