ФОТО | На летно уживање: Антонела, сопругата на Меси воодушевува со атлетското тело
Еден од најуспешните фудбалери во светот и повеќекратен добитник на Златната топка, Лионел Меси се одмара во друштво на семејството и пријателите на луксузна јахта, „Daily Mail“.
Со нив е фудбалерот Сеск Фабрегас со сопругата Даниел Семан, а најголемо внимание украде сопругата на Меси, Антолена Рокузо, која покажа совршено тренирано тело.
Антонела носеше тиркизен костим за капење кој ги истакна сите нејзини атрибути, а комплиментите под објавата не изостанаа. „Убава“, „Совршена си“, „Вака изгледа жена која се одржува“, „Антонела, ти си божествена“, напишаа воодушевените следбеници.
View this post on Instagram
Инаку, Меси и Антонела се запознале кога тој имал само пет години, а врската наводно ја започнале во средно училиште. Се шушка дека на девет години Меси сакал таа да му стане сопруга и дека често ѝ пишувал љубовни писма.
View this post on Instagram
Првиот син Тиаго го добија во 2012 година, а Матео се роди три години подоцна. Во 2018 година го добија и третиот син Чиро. Тие се венчаа во 2017 година во родниот град Росарио, Аргентина, а деталите од венчавката успеаја да ги задржат подалеку од очите на јавноста.
View this post on Instagram