СВЕТфотоФото на денотФОТО НА НЕДЕЛАТА

Секојдневниот живот во Норилск, најсеверниот град во Арктичкиот круг

Фото Профимедиа

Норилск е индустриски град во Русија, во регионот Краснојарск. Луѓето тука се занимаваат со рударство и металургија, а исто така и преживуваат на екстремно ниски температури, од кои најниска измерена е -55 степени Целзиусови.

Поради географската локација, во текот на зимата речиси два месеца е апсолутна ноќ, но сепак животот на луѓето продолжува без оглед на условите.

Фабриките во Норсилк ги граделе затвореници од логорскиот затвор Гулаг, во кој во времето на Сталин престојувале и ситни криминалци, но и политички злосторници.

Денеска овој град има околу 175.000 жители кои живеат во услови на екстремна загаденост (Норилск е петтиот најзагаден град во светот). Природата веќе доживеала неколку еколошки катастрофи, помори на живиот свет во реките и уништување на растителниот свет.

Луѓето, пак, се прилагодуваат на условите, некои од нив се сериозно болни, а секоја следна генерација е сè поотпорна на состојбата, поради мутациите кои настануваат.

Сепак, оваа состојба не е причина за нормално секојдневно функционирање. Училиштата работат нормално, децата тренираат, младите излегуваат во клубови, на шопинг, а јавниот транспорт функционира беспрекорно.