
ФОТО | На денешен ден Тито стана доживотен претседател на Југославија: Светските агенции објавија спектакуларни фотографии
На денешен ден, пред 72 години, во тогашна Југославија се одржаа претседателски избори на кои победи Јосип Броз Тито и со тоа стана доживотен претседател на државата.
Препорачано

На јубилеjот се сетија и некои светски медиумски агенции кои објавија фотогалерии од животот и политичката кариера на Тито.

Јосип Броз е роден во Кумровац на 7 мај 1892 година, а починал во Љубљана на 4 мај 1980 година. Тој излезе од Втората светска војна како победник и признат државник.

Во 1951 година, тој спроведе самоуправен систем што ја разликуваше Југославија од другите социјалистички држави. Со моделот на пазарен социјализам, донесе економска експанзија во текот на 1950-тите и 1960-тите.

Тито беше еден од основачите на движењето на неврзаните – група земји кои не беа дел од блокот и кои дејствуваа (барем делумно) како фактор за намалување на тензиите меѓу НАТО и земјите од Варшавскиот пакт преку политика на активен мирен соживот.

Критичарите му замеруваат за неговата суровост и прогон на политичките противници и го сметаат за диктатор кој задушувал каква било форма на несогласување со неговата политика.

Сепак, во 35-те години од неговото цврсто владеење, тој постигна значителен меѓународен углед како државник, исто така и во меѓународните односи во кои Југославија се гледаше со почит.

