ФОТО | На балкон кај Цветанка: Уметница која од 3 квадратни метри направила ремек дело!

Фото: Приватна архива

Денес разговараме со Цветанка Белички, по професија текстилен инженер, ја сака облеката, модата, уредувањето, готвењето.

– Уметноста е нешто што ме следи цел живот. А најмногу од сè сакам кога луѓето ќе ги направам среќни и ќе ја добијам нивната искрена насмевка. Од неодамна работам на мојот бренд simple Du, почнав со проврезоци виножито, неколку аксесоари за најмалите (дека нивната насмевка е најискрена!) и полека, се надевам, дека ќе продолжам со изработка на облека, она и за кое се школував, вели нашата креативна соговорничка и уметница, Цветанка.

фото – приватна архива

Девојката со цветно име – Цветанка – отсекогаш била опркужена со цвеќиња.

– Тие отсекогаш биле мое опкружување. Уште од домот на моите родители, особено мајка ми која посебно ги сакаше. Со нејзе многу често знаев да се исконсултирам за некое цвеќе или билка. Пораснав во дом со сите можни овошни дрвја, кои на дедо ми му беа како посебни деца – со насмевка ни раскажува Цевтанка и продолжува – Тој е човек што имаше цели полици со литература за овошки. Често калемеше, па од едно стебло излегуваа две различни овошки. Како дете се тоа беше огромно чудење и воодушевување. Имавме неколку дрва со посебна сорта на слива, која беше многу сочна (сè уште го паметам тој вкус) , а до ден денес никаде ги немам сретнато.

Ја прашуваме, кој е одговорен за уредување на дворот, односно балконот?

-Можам да кажам дека скоро цел балкон е DIY , односно направен од мене и мојот партнер…

Целиот текст прочитајте го ТУКА.
Извор: Еспресо.мк

Видео на денот