1 C
Скопје

ФОТО: На аеродром во Багдад уапсен генералниот координатор на ИСИС

Портпарол на врховниот командант на ирачките вооружени сили, Џехерија Расул, денес соопшти дека озлогласениот терорист на ИСИС е уапсен на меѓународниот аеродром во Багдад.

– Преку постојан мониторинг и благодарение на резултатите од терен, Службата за борба против тероризам успеа да го уапси т.н. генерален административен координатор на ИСИС, Абу Наба, на меѓународниот аеродром во Багдад – напиша портпаролот на својот профил на Твитер.

– Внимателно го следевме секој негов чекор, од напуштање на земјата до влегување во Ирак. Тој сакаше да се обиде да одржи состанок на терористичкиот одред на периферијата на главниот град Багдад – додаде портпаролот.

Абу Наба е познат по своите терористички акции од 2003 година. Тој беше член на неколку терористички организации меѓу кои и Ал-Каеда.

Прочитајте и...  Нови одрони заглавија возило на регионалниот пат М.Каменица – Кочани

Безбедносните сили продолжуваат со пребарување, чистење и гонење на остатоците од ИСИС низ целата земја за да се осигурат дека организацијата и нејзините бегалци нема да се појават повторно.

На Наба му се заканува смртна казна поради членство во терористичка организација. Во Ирак изминататите неколку години изречени се стотина смртни казни на ирачки и странски борци на ИД.

Во декември 2017 година, Ирак објави ослободување од окупацијата на ИСИС по скоро три и пол години конфронтација со терористичка организација, која окупираше околу една третина од земјата.

Поврзани вести

Четири жени од Дебар тврдат дека доктор Асани ги прегледувал во домашната ординација, Веапоска плаќала по 1.000 денари за преглед

Тешко е, ама протов лажните вести се може: Ако вистината доминира, тогаш лагите остануваат на маргините

Нови земјотреси утрово ги вознемирија граѓаните на Петриња и Сисак

Слободен печат

Германија ја зајакнува контролата на границите

Слободен печат

САД разочарани од бугарското вето за Македонија, амбасадорката Брнз зборуваше за причините

Слободен печат

Општина Центар усвои Стратегија за меѓуетничка интеграција во образованието

Слободен печат

Остави Коментар