ФОТО | Мурал со дела од Владо Малески насликан на фасадата на Центарот за култура во Струга

Фото: Фејсбук, Горан Ристевски

Уметникот Горан Ристовски наслика мурал со мотиви од творештвото на истакнатиот писател и општествено – политички работник, Владо Малески на фасадата од јужната страна на центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга.

На површина од 13 метри должина и седум метри висина, композицијата, како што појасни авторот, е составена од познатиот „струшки вез” симболизирајќи на најпознатиот роман на Малески, „Разбој”, неговиот потрет и дел од текстот од химната „Денес над Македонија”.

– Се одлучив да го посветам на ликот и делото на Владо Малески 1919-1984, истакнат писател и општествено – политички работник. Делото е насликано со дозвола од Центарот за култура во Струга, со кој имам одлична соработка секогаш кога се работи за вакви проекти, рече Ристовски.

Муралот, додаде тој, е насликан по повод 30 години од независноста на државата и е дел од проектот „Градиме култура, сликаме култура – мурали за 30 години независност”, кој се реализира во седум градови низ државата.

– Темата на муралот е дејноста и делата на истакнати домашни дејци и автори во сферата на творештвото, културата, уметноста, литературата, музиката, образованието, спортот и други истакнати личности, кои имаат директен придонес во развојот на државата, или придонеле во создавањето или во зачувувањето на културното наследство, вели Ристовски.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот