ФОТО | „Мојата љубов, мојот живот…“: Се сврши контроверзната актерка и го покажа големиот прстен!

Фото: Инстаграм

Актерката Линдзи Лохан (35) на својот инстаграм-профил објави серија фотографии полни со љубов, и со прстен со голем камен во преден план, па радосната вест за свршувачката ја сподели со своите 9,7 милиони следбеници. Линдзи и Бадер Шамас се во врска две години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lindsay Lohan (@lindsaylohan)

„Мојата љубов, мојот живот, мојата иднина“, напишала Линдзи со фотографии под кои е исклучена можноста за коментирање.

– Нивната врска е силна и трае околу две години. Тој е вистинскиот за неа и не работи во индустријата за забава. Тој е менаџер на фондови за богати луѓе – открил извор за „Сан“.

Изворот откри и дека прашање на време е кога среќната двојка ќе се венча.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lindsay Lohan (@lindsaylohan)


Линдзи во моментот живее во Дубаи, а по подолг период прифатила нова улога која многу ѝ значи. Актерката и пејачка се врати во САД за да снима нов божиќен филм на Нетфликс, а ќе ја отелотвори разгалената наследничка на хотелот.

„Ѝ се вратив на глумата и не можам да бидам посреќна“, напишала таа покрај фотографијата од сетот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lindsay Lohan (@lindsaylohan)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот