ФОТО | Модните комбинации на инаугурацијата: Џил Бајден во симболична боја, а Лејди Гага и Џеј Ло повторно во изданија што ќе се памтат

Profimedia

На свечената инаугурација на 46. американски претседател Џо Бајден во Вашингтон, иако не онака како што би било во нормални услови без пандемија, сепак беше свечено.

На вакви настани ништо не е препуштено на случајот, а секоја модна комбинација е внимателно смислена и избрана.

Џо Бајден носеше црно одело потпишано од Ралф Лорен, а Џил Бајден светло син капут украсен со кристали од Сваровски. Капутот го дизајнирала Александра О`Нил од њујоршкото студио „Маркариан“. Маската за лице, ракавиците и торбичката на првата дама беа во иста нијанса како капутот. Со оглед на тоа што сината боја е боја на Демократската партија, а исто така претставува и смиреност и стабилност, нијансата што ја одбра Џил Бајден беше и симболична порака.

Profimedia

За инаугурацијата Џил Бајден одбра краток бел фустан од дизајнерката Габриела Херст со извезени цветови – федералните цветови на секоја американска држава и територија.

Profimedia

Бившата прва дама Мишел Обама се појави во широки панталони и капут со темно црвена боја.

Profimedia

Лејди Гага ја пееше химната, а за историскиот момент се погрижи освен поради изведувањето на химната да биде запаметена и по модната комбинација. Избра волуменозно здолниште со впечатлива црвена боја и темносино палто од кашмир, украсено со голем брош во облик на златна гулабица, симболот на мирот. Со тој детаљ Гага сакаше да пренесе порака за надеж и мир.

Profimedia
Profimedia

За својот настап на инаугурацијата Џенифер Лопез носеше дизајн од модната куќа Шанел од последната колекција на Карл Лагерфилд за есен/зима 2019.

Profimedia
Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот