ФОТО | Модниот избор на Ирина Шајк: Совршен изглед за долгите топли денови
Руската манекенка Ирина Шајк ги воодушевува своите обожаватели од ден за ден со креативните решенија и необичен избор за нејзиниот секојдневен изглед, а по низата ефективни панталони и комбинезони, следат кратките здолништа и фустани.
View this post on Instagram
За време на вчерашната прошетка низ улиците на Њујорк со својата ќерка Леа, Ирина беше уловена од папарацо – фотографите во црн мини фустан, стилизиран на необичен начин. Над фустанот манекенката носеше бела „машка“ кошула со иста должина.
View this post on Instagram
Ирина е позната како обожавател на импресивни и масивни обувки, па целата комбинација ја надополнила со црни сандали од брендот „Барбери“, кои изгледаат многу пријатно и се украсени со златни шноли и златното лого на модната куќа.
Од Роналдо до Канје: Љубовните партнери и афери на рускиот модел Ирина Шајк
Бредли Купер се надева дека романсата меѓу Канје Вест и Ирина Шајк брзо ќе заврши