ФОТО | Модна икона: Амал Клуни со совршен изглед на црвениот тепих во Њујорк

Амал и Џорџ Клуни на доделувањето на наградите „Алби“ / Фото: EPA-EFE/SARAH YENESEL

На доделувањето на наградите „Алби“, Амал Клуни го „украде“ вниманието на присутните, појавувајќи се со својот сопруг, познатиот холивудски актер Џорџ Клуни. Облечена во бел фустан на модната куќа „Версаче“, адвокатката уште еднаш докажа дека е вистинска модна икона.

Џорџ и Амал Клуни беа почесни гости на второто годишно доделување на наградите „Aлби“ во Јавната библиотека во Њујорк, настан на кој присуствуваа познати имиња од светот на правдата и културата.

Амал и Џорџ Клуни / Фото: EPA-EFE/Eduardo Munoz Alvarez

Наградите се доделуваат во рамките на „Фондацијата Клуни за правда“. Добитници на наградите се луѓе за кои се вели дека се „храбри бранители на правдата“, кои се изложени на голем ризик поради вокацијата што ја практикуваат.

Наградите се именувани по судијата Алби Сакс, кој беше меѓународно познат јужноафрикански правник. Еден период од животот го поминал во затвор, а дел од животот во егзил поради неговите активности против режимот на апартхејдот, односно против политиката на расна дискриминација и делењето на населението врз расна основа.

Амал Клуни / Фото: EPA-EFE/SARAH YENESEL
Џорџ Клуни, Донатела Версаче и Амал Клуни / Фото: EPA-EFE/Eduardo Munoz Alvarez
Џорџ и Амал Клуни, заедно со номинираните за наградите „Алби“ / Фото: EPA-EFE/Eduardo Munoz Alvarez

ФОТО | Сите очи вперени во адвокатката: Амал Клуни го донесе целиот гламур во Венеција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот