ФОТО | Модата се враќа: Погледнете како изгледала Цеца на својата матура

Постои непишано правило дека модните трендови постојано се враќаат. Па, доколку ги разгледате семејните албуми и фотографиите на вашите родители од младоста, веројатно ќе сфатите дека неодамна сте купиле слични парчиња облека.
Српската пејачка Светлана Ражнатовиќ, попозната како Цеца, ја прославила својата матура во 1991 година, а пред неколку години сподели фотографија од својата матурска модна комбинација – кратко фустанче во циклама боја, која е многу популарна и во актуелната сезона.
„Влегов во светот на шоу-бизнисот на многу млада возраст. Имав само 14 години. Паралелно со тоа го завршував средното образование и матурирав во 1991 година. Факултетот, за жал, изостана. Би сакала да ги посоветувам младите пејачки да не го занемаруваат училиштето, бидејќи тоа не може да ги кочи во кариерата. Нека завршуваат факултети, а паралелно со тоа нека се бават и со пеење. Сѐ може да се постигне!“, изјави Цеца своевремено.

ФОТО | Цеца му помага на обожавател да се додворува на девојка