ФОТО: Младинскиот репрезентативец Јован Манев е нов играч на Адана Демирспор

Јован Манев ќе настапува за турскиот клуб Адана Демирспор/Фото: instagram.com/manev.jovan/

Јован Манев, младинскиот репрезентативец на Македонија од следната сезона ќе ги брани боите на турскиот клуб Адана Демирспор.

Манев досега во нашата земја настапува за прволигашот од Штип, Брегалница.

Адана Демирспор настапува во најсилната турска Суперлига, минатата сезона го освои деветтото место.

Манев има 21 година, роден во Кочани, настапува на позицијата централен бек. Пред да го облече дресот на Брегалница, беше дел од тимот на Осогово.

Во изминатата сезона во Првата македонска лига имаше 30 настапи во кои запиша два гола и една асистенција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот