ФОТО | Младенци барале од гостите да донесат 3.000 долари на венчавката: Имате три дена да одлучите!

Фото: Профимедиа

Иако времињата се сменија и гостите наместо миксери, соковници и микробранови печки најчесто носат пари, не значи дека тоа и се подразбира.

Една невеста сакала да направи раскошна венчавка на Тајланд, а од своите гости побарала да донесат по 3.000 долари, за таа и нејзиниот иден сопруг да можат да си ги покријат сите трошоци. По кратко време сфатила дека нивната идеја нема да се оствари. Поради необичното барање, од 150 гости, само девет одговориле.

„Во ред, сфатив дека 3.000 долари за мојата венчавка за некои се премногу, но јас би платила за вас, но не е важно“, напишала невестата на Фејсбук.

Remote file

Чувствувајќи дека цената е причината зошто повеќето луѓе не се одзвале на поканата за венчавката, невестата рекла дека таа и нејзиниот партнер одлучиле да ја сменат дестинацијата на венчавката од Тајланд на Хаваи, бидејќи се многу поблиску до Америка, но, за жал, работите уште повеќе се влошиле.

„Ја сменивме дестинацијата, а само седуммина од вас го потврдија доаѓањето? Не би морале да носите толку пари, бидејќи е поблиску, а вие повторно нема да дојдете. Не можете да заштедите 3.000 евра и да ја споделите нашата среќа со нас“, налутено напишала таа.

Меѓутоа, никој не реагирал на нејзината објава, па може да се заклучи дека се налутиле и луѓето кои сакале да издвојат пари и да дојдат.

„Во искушение сум да исчезнам и да не дозволам никој од вас да биде дел од нашиот најсреќен ден. Тоа е тоа, луѓе, имате три дена да одговорите на нашиот повик или ќе ве избришеме од Фејсбук и среќно продолжете со вашите животи“, решително напишала невестата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот