ФОТО: Митревски и Ландин со ист процент на одбрани на Европското првенство

Никола Митревски покажа зошто е во одлична форма и сезонава/ фото: РФМ

Заврши Европското првенство во кое титулата ја освои репрезентацијата на Шведска со победата во големото финале против Шпанија.

Најдобрата македонска селекција беше елиминирана уште во првата фаза во која играчите на Кирил Лазаров претрпе три порази од Данска, Црна Гора и Словенија.

И на овој континентален собир голманот Никола Митревски, играчот на Порто, имаше одлични перформанси, и статистички се најде помеѓу најдобрите 10 голмани на ЕП.

Нашиот чувар на мрежата на делба на шестото место заедно со Данецот Никлас Ландин има ист процент на одбрани (33%).

Митревски (од два натпревари) имаше 16 одбрани од 48 удари, а можеше да имаше уште подобар учинок доколку немаше позитивен тест на ковид-19 пред мечот со Словенците. Ландин од осум натпревари запиша 76 одбрани од 232 удари.

Најдобар голман на оваа листа е Кевин Молер од Данска (40%), 42 одбрани од 104 удари од девет натпревари, второпласииран е Србинот Милан Бомастар (39%), со девет одбрани од 23 удари од три мечеви.

Митревски воедно е на делба на третото место според одбранети седмерци (50% ,1/2), пред него се само Бомастар (100%, 1/1) и словачкиот репрезентивец Теодор Пол (57%, 4/7).

Фото: Принтскрин/ehfeuro.eurohandball.com

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот