ФОТО| Мишел Фајфер стана црвенокоса! Нејзината трансформацијата предизвика бура на интернет
Мишел Фајфер со години е блондинка, па токму затоа оваа голема трансформација ги изненади сите…
Глумицата реши драстично да го промени изгледот, а овој чекор предивика големи реакции. Откако таа ја објави својата фотографија на Инстаграм, позитивните коментари постојано се нижат.
Мишел стана црвенокоса, а оваа боја всушност совршено ги истакнува нејзините сини очи и светлиот тен.
Колку оваа промена им се допадна на нејзините следбеници говори и фактот дека за само неколку часа оваа фотографија доби повеќе од 100 илјади лајкови. Актерката ја обоила својата коса за потребите на филмот кој во моментот го снима, а дали ќе ја задржи оваа нијанса и во иднина останува да видиме.
Во есенскиот и зимските период сите нијанси на црвената коса се голем хит. Нејзините фанови веќе се одлучија да ја ископираат оваа нијанса, дали би се осмелиле и вие?