ФОТО | Мирјана Карановиќ целосно гола на плажа: Актерката на 64 години воодушевува со своето тело

Фото: Зорана Јевтиќ/курир.рс

Познатата српска актерка Мирјана Карановиќ (64) е вистински пример дека годините се само број во личната карта и дека состојбата на умот е она што се рефлектира и на телото.

Актерката последните години интензивно работи на своето тело, а сега ги воодушеви обожавателите со новата објава. Тие коментираат дека Карановиќ изгледа фантастично за своите години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by mirjana_karanovic (@mirjanakaranovic)

Карановиќ е позната како голем љубител на нудизмот и дека секое лето одбира нудистички плажи, а сега покажа и фотографија од плажа, за која многу се зборува.

Имено, Карановиќ позирала целосно гола, а во прв план се нејзините облини.

„Лето и слобода! Зајдисонце! Без филтер и фотошоп“, напишала Карановиќ во описот на фотографијата.

Mirjana Karanović

Славната актерка поради оваа фотографија добила низа позитивни коментари, како оние дека е прекрасна и слободна жена, дека е ѕвезда, дека така прават самоуверените жени и слично.

„Прекрасно за гледање“, „Одлично ги носиш своите години“, „Венера“, „Морска сирена“, се само дел од пораките што може да се најдат под оваа нејзина објава.

Фотографијата без цензура можете да ја погледнете ТУКА.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот