ФОТО | Министерот Бочварски се венча со Маринела

Фото: Facebook

Благој Бочварски, актуелниот министер за транспорт и врски, вчера се венча во Штип со избраничката Маринела. Тој лани во август ја запроси 12 години помладата Маринела Серафимова.

Меѓу гостите во Штип беше и министерот за земјоделство и негов сопартиец, Љупчо Николовски со сопругата Андријана, која сподели фотографии од венчавката и им ја посака на младоженците сета среќа на светот.

Маринела е дипломирана докторка, со која заедно се помалку од две години, но во интервју за „ММС“, министерот изјави дека хемијата и поврзаноста меѓу нив биле несомнени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот