ФОТО | Мини пазар на автопатот Скопје – Тетово

Фото: „Слободен печат“

Кога патувате од Скопје кон Тетово, без разлика на годишното време, после скопската наплатна рампа, кај Глумово, на третата лента, онаа што е наменета за камиони и спори возила се поставени продажни штандови со сезонско овошје.

Репортерите на „Слободен печат“ ги фотографираа неколкуте штандови каде гајба грозје е 350 денари, а тегла мед чини 400 денари.

Востановената пракса изгледа не им пречи ниту на полицијата, ниту на Македонија пат.

Фото: „Слободен печат“
Фото: „Слободен печат“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот